На 19 јуни во Македонија доаѓа мисијата на ОБСЕ-ОДИХР?

На официјалната интернет страница на ОБСЕ/ОДИХР денеска е објавен повик за надворешни консултанти за Специјалната мисија за проценка на изборите (СЕАМ) во Македонија.

Во објавата се додава дека повикот доаѓа по покана за набљудување на предвремените парламентарни избори на 5-ти јули 2020 година.

Повикот на ОБСЕ/ОДИХР значи дека ќе нема продолжување на претходната мисија која беше отворена за претходните избори кои требаше да се одржат на 12 април.

Во повикот се бараат кандидати за позициите: раководител на мисијата, заменик-раководител, политички аналитичар, изборен аналитичар, аналитичар за регистрација на гласачите, правен аналитичар и аналитичар за медиуми.

Мисијата ќе биде во траење од три недели, а сите кандидати треба да бидат на располагање за извршување на задачите уште од 19 јуни.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното