Се уште не е позната причината за смртта на младиот актер
Јансен Панетиер починал во Њујорк на 28-годишна возраст. Веста за смртта ја соопштиле членовите на семејството, пренесува TMZ.
Се уште не е позната причината за смртта на младиот актер.
Според извештаите, Јансен го поминал викендот во Њујорк каде ненадејно починал.
Јансен е брат на популарната актерка Хајден Панетиер, која е пет години постара од него, а почнал да глуми уште на млада возраст кога тргнал по стапките на својата сестра.
Во 2008 година, Панетиер беше номиниран за награда за млад уметник за неговата работа во филмот „Последниот ден од летото“. Тој одигра значајни улоги во филмовите „The Walking Dead“, „Major Crimes“, „Even Stevens“, „Blue’s Clues“, „Ice Age: The Meltdown и Robots“.
Во моментот на неговата смрт, тој работел на пет нови проекти.
