На Богојавление ова никако не смеете да го посакате – можеби и ќе ви се исполни!

Пред нас е големиот празник Богојавление. Според стариот обичај, повеќето ќе погледнат во небо и ќе посакаат желба. Според преданието, оваа ноќ се отвораат небесата и Бог ги исполнува желбите. Но, внимавајте што посакувате, можеби ќе ви се оствари:

„Со страв ги третирам моите желби. Никогаш не знам за каков крст го молам Бог да помогне. Но, како што досега е потврдено милион пати, најтежок е бараниот (молениот) крст.

На пример, мајка ми секогаш сонуваше дека не мора да ги мие садовите и да ја чисти куќата… „Да можам да легнам и да не се грижам за садовите и за чистење на куќата“, честопати луто велеше триејќи ја нашата семејна куќа.

Мојата пријателка, пејачка и актерка Љиља, сонуваше да емигрира („само да избегам од оваа проклета земја!“)

Мојот пријател Златко, тој сонуваше да стане фантастично богат.

А убавата Ирена сонуваше да научи да вози автомобил, за да може да купи скапо Алфа Ромео.

И така мајка ми доживеа мозочен удар и во последните десет години од животот не ги миеше садовите, ниту ја чистеше куќата, туку само лежеше цел ден во кревет. Таа не можеше да се движи додека не почина.

А Љиља отиде во Лос Анџелес да стане голема актерка, а додека не се случи тоа, ги миеше садовите и чекаше да преживее во таа голема и моќна Америка. Таа еднаш успеа да се „вклучи“ во еден филм, но само како статист.

Златко фантастично се збогатил, но некои киднапери му го киднапирале детето барајќи голем откуп. Кога успеал да го откупи детето, лошо пелтечел, додека и самиот Златко набрзо тешко се разболел. Лекарите рекоа: од голем и прекумерен стрес!

И Ирена научила да вози автомобил, но бидејќи немала пари, продала трособен стан и за тие пари купила автомобил. Живеела во стан под кирија. И тогаш сопственикот ја условил, ја покачил киријата, па морала да се пресели еднаш, па друг пат… Изнервирана, го удрила новиот автомобил и морала да се врати во домот на нејзините родители. На почетокот повторно …

Поради сето ова често помислувам: „Фала му на Бога што не ми исполни некои од моите луди желби што ги имав!“