На граничниот премин Богородица биле одземени марихуана, сребно, цигари но и гелови и таблети за потенција.
Ваква информација објави директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
Тој вели дека им честита на службениците кои здружено и тимски испорачуваат резултати за почит.
Па така, од почетокот на годината на овој граничен премин се запленети:
- 188,6 килограми наркотична дрога марихуана
- Две поголеми заплени на вкупно 21,4 килограми сребро
- 430 штеки цигари само за годинава
- 550 кутии гел за потенција и 1300 таблети за потенција