На денешен ден пред 25 години Европската заедница беше преименувана во Европска Унија

Со договорот е зајакната улогата на Европскиот парламент во законодавниот процес и се воведува постапка на соодлучување, се прошируваат областите во кои се одлучува со квалификувано мнозинство и принципот на второстепено одлучување е воспоставен како општ принцип на ЕУ.

Откако е потпишан Договорот од Мастрихт, европските држави станаа поповрзани додека некои подрачја на политиката, на пример економска и фискална политика, и натаму се во национална надлежност.  Европските челници се одлучија да преземат и дополнителни чекори заради натамошна интеграција меѓу европските држави:

-Пакт за стабилност и раст склучен во 1997, со цел да се осигури државите да се придржуваат на здравите буџетски политики.

Денес повеќе од 510 милиони граѓани од 28 држави членки ги уживаат погодностите на европската соработка. А 25 години откако е договорен планот за негово воведување, еврото стана втора светска валута со која најчесто се тргува и е дел од секојдневието на 340 милиони граѓани во 19 држави.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното