На денот на вљубените почина „таткото на Нутела“: Го обиколи светот за да купи слатки!

„Таткото на Нутела“ почина на Денот на вљубените на 97-годишна возраст. Учествувал во правењето на светски познатиот намаз од лешник. Хемичарот Франческо Ривела работел во „хемиската соба“ на Ферер, каде се родени некои од најпознатите креации на брендот.

Тој почина точно 10 години по смртта на основачот на Фереро, Микел Фереро. Наречен „татко на Нутела“ од италијанските медиуми, Ривела придонесе за создавање на најпознатата и најсакана намаз од лешник во светот.

Роден во Барбареско, Италија, тој започна да работи во Фереро во 1952 година, пред да стане мултинационална компанија.

Веднаш штом дипломирал хемија на Универзитетот во Торино, на 25 години почнал да работи во „собата за хемикалии“ на компанијата, каде се родени некои од најпознатите креации на брендот. Тој беше дел од тимот задолжен за проучување на суровини за развој на нови производи.

Тие ги мешаа, рафинираа и ги дегустираа состојките во потрага по совршени вкусови. За време на неговата долга кариера, Ривела стана висок менаџер во огромната компанија, работејќи како десна рака на Микел Ферер.

Новинарот Џиџи Падовани во својата книга „Mondo Nutella“ потсети дека Ривела и Ферера патувале низ светот за да купат слатки „не за да ги копираат, туку за да ги подобрат“.

Ривела беше пријател на италијанско-еврејскиот писател и хемичар кој го преживеа холокаустот, Примо Леви. Бил и претседател на Редот на хемичарите од Пиемонт. По пензионирањето живеел во Алба, каде се посветил на овоштарството и традиционалната игра со топка „палапуњо“.

Ривела бил вдовец, но зад себе оставил три сина, ќерка и седум внуци. Комеморацијата ќе се одржи денеска во Алба каде што живееше, а погребот во Барбареско.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното