На 29.10.2025 во 09:15 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.К.(28) од Р.Косово, затоа што при извршена гранична проверка било констатирано дека патничкото возило „бмв“ со германски национални ознаки, кое тој го управувал, евидирало во оперативна евиденција по барање на Интерпол – Германија.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.