На кого личат близнаците на познатиот водител Ненад? (ФОТО)

Водителот Ненад Ѓорѓиевски и неговата сопруга Горана, се горедаат со двеиполгодишните близнаци Љупка и Иво. Ненад изјави дека сопругата и тој се будни во седум часот, без оглед дали е работен ден или е викенд.

– Со оглед на тоа дека на малите деца им е потребна рутина, а особено што со близнаци по дома тоа е неопхоно, се трудиме секојдневно да се придржуваме на истата. Во 7 часот сме сите на нозе без оглед дали е работен ден или викенд. Градинка, прошетка доколку временските прилики и воздухот надвор го дозволуваат тоа, и многу играње во нашиот дом. Кога сакаме спортуваме а кога сме мрзеливи имаме креативни минути во цртање или со пластелин. Каде и да сме што и да правиме во 20 часот сме дома во кревет- низ насмевка раскажа Ненад. Водителот открива дека од секогаш им се восхитувал на родителите на близнаци и сакал да биде како нив.

Семејството Ѓорѓиевски сака викендите и одморите да ги поминува во планина, на чист воздух, па Ненад често споделува фотки од нивните патувања. Она што е веднаш забележливо е дека близнаците многу наликуваат на својот татко.

„Со оглед на тоа дека немаме кому да ги довериме а тие се уште мали нашето излегување без деца е додека се тие во градинка. Но , затоа по 20 часот ноќта е само за нас, ама дома„, раскажуваат Ненад и Горана.

Тие на 1 септември прослaвија и 8 години во брaк, па по тој повод, Ненaд со колaж од фотогрaфии од нивнaтa свaдбa и емотивнa порaкa и честитa нa својaтa сaкaнa сопругa годишнинa и и изјави љубов.

„Поминаа 8 години ќе поминат уште мнооогу, јас и натаму ќе те сакам неизмерно и бескрајно!
Честито годишница љубов моја! “ – напиша тој.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното