Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на погребот на еден од своите претходници, претседателот Џорџ Буш постариот, но нема да одржи говор, што е првпат по половина век актуелен претседател да говори на погреб на негов претходни.
Изостанувањето на Трамп од листата на говорници, очигледно покажува „колкави се културолошките и личните разлики“ меѓу актуелниот претседател и семејството Буш. Ковчегот со телото на поранешниот претседател Буш постариот е изложено во ротондата на Капитол Хил, каде што јавноста може да му одаде почест до средата, кога ќе биде пренесен во националната катедрала во Вашингтон.
Погребот ќе биде извршен во четврток во сојузната држава Тексас.
