На пописот во Албанија има повеќе Бугари од Македонци!

Институтот за статистика ИНСТАТ во својот нов извештај, по најновиот попис, вели дека на тероторија на соседна Албанија живеат повеќе Бугари од Македонци.

Па така, според најновиот извештај бројот на попишани Бугари во Албанија изнесува 7 057, додека бројот на Македонци е 2 281.

Изненадува фактот дека најмногу граѓани се Eгипѓани, дури 12 375, додека за националност не се изјасниле дури 13 507.

Албанија има вкупно 2.402.113 жители, додека пак во земјата живеат 755.950 домаќинства со просечна големина од 3,2 члена по семејство.

Во Албанија има 1.082.529 домови.

Споредбено со пописот од 2011 година, бројот на популација е помал за 429 илјади жители.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното