Ѕвездата на планетарно популарната серија „La Casa de Papel“ Мигел Еран доживеа вистинска драма! Имено, во текот на ноќта додека спиел избувнал пожар во неговата куќа во Авила, Шпанија! И познатиот актер едвај успеа да се извлече од канџите на пламенот скокајќи низ прозорецот!
Во оваа прилика тој се огласи на Инстаграм каде сподели видео на кое се гледа како пожарот го зафати неговиот дом. Шпанскиот актер, кој е најпознат по улогата на Рио во серијата на Нетфликс, липа на тоа видео и вика: „Не ми се верува“.
Иако пожарникарите брзо го изгаснале пожарот, Мигел открил дека се уништени сите негови лични работи, како и голем дел од неговиот дом.
– Огнот ме зафати додека спиев, па се разбудив од звукот на мојата куќа како гори. Избегав низ прозорецот од мојата соба – изјави тој за локалните медиуми.
Засега не е јасно што го предизвикало пожарот во станот на младиот актер.
View this post on Instagram
