Претседателот на СДСМ и премиер на Македонија Зоран Заев на денешната прес конференција по 25-тиот конгрес во партијата истакна дека со измените во статутот СДСМ ја отвора можноста за прв пат во историјата на државата една политичка партија својот претседател ќе го избира на внатрепартиски непосредни избори.
„Новиот претседател на СДСМ ќе биде избран на директни, непосредни избори следната година во првото полугодие кога истекува мандатот на ова раководство“, посочи Заев.
Тој додаде дека за нов претседател може да се кандидира секој член, со најмалку 5 години работа во партијата и со поминат еден мандат како член на централниот одбор со право на глас.
.
