На сопругата на Асад и била дијагностицирана тешка леукемија

СОПРУГАТА на соборениот сириски лидер Башар ал Асад боледува од тежок облик на леукемија и исто толку е можно да преживее како и да умре, пренесуваат медиумите.

Асма ал Асад е во изолација за да се заштити од каква било инфекција, па затоа не може да биде во иста просторија со други луѓе, објави и Телеграф.

Семејството Ал Асад побегна во Москва кога режимот на Башар ал Асад беше соборен во молскавична офанзива на почетокот од овој месец.

ѝ беше дијагностицирана акутна форма на леукемија
Поранешната прва дама Асма ал Асад и децата ја напуштија Сирија пред претседателот, а за неа сега наводно се грижи нејзиниот татко Фаваз Ахрас, угледен лондонски кардиолог, за кој се вели дека е „скршен“.

Сириското претседателство во мај објави дека на Асма ал Асад, Сиријка родена во Лондон, и била дијагностицирана акутна форма на леукемија, рак на коскената срцевина и крвта.

Телеграф објави дека се верува дека леукемијата и се вратила по период на ремисија.

Таа претходно се лекуваше од рак на дојка
Таа претходно се лекуваше од рак на дојка, а во 2019 година објави дека веќе не е болна по една година лекување.

Претходните извештаи сугерираа дека Асма ал-Асад е уморна од ограничувањата што и се ставени во Русија и дека сака да се разведе од сопругот и да продолжи да се лекува во Лондон.

Кремљ тоа го негира, а семејството Ал Асад не коментира.

Дејвид Лами, британскиот министер за надворешни работи, рече дека поранешната прва дама, иако е родена во Лондон во 1975 година, не е добредојдена во Обединетото Кралство.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното