На светов има само едно знаме кое не е четириаголно – еве неколку интересни факти за знамињата ширум светот

Скоро сите знамиња во светов се правоаголни, но има и две не се „придржуваат“ како останатите земји, па нивните се во облик на квадрат.

Во продолжение дознајте неколку интересни факти за знамињата низ светот.

  • Швајцарија и Ватикан имаат државни знамиња во облик на совршен квадрат
  • „Квизклаб“ пишува дека кога некоја земја избира симбол за своето знаме, тоа обично носи посебно значење. На некои знамиња има животни, а на други ѕвезди или пак сосема други симболи. Некои земји пак се „нурнале“ кон фантазијата и си избрале измислени животни како на пример знамето на Велс кое содржи змеј, или оние на Албанија, Србија и Црна Гора кои имаат двоглав орел.
  • Земјите обично користат бои поврзани со нивната историја. Тоа пак, ќе рече, повеќето национални држави ги претпочитаат основните бои – црвена, жолта, бела, сина…
  • Дали сте знаеле дека само една земја на светов има државно знаме кое не е четириаголно? Се работи за националното знаме на Непал кое е составено од два триаголника, еден над друг.
  • Најмалку популарна или народски кажано најмалку омилена боја на знамињата е виолетовата, но сепак Доминикана и Никарагва, држави во Средна Америка, ја содржат оваа боја на нивните национални знамиња.
  • Некои држави го сакаат и шаренилото, а таков пример е Белизе која го има најшаренолико во светот со дури 12 бои прикажани на државниот симбол, коишто меѓу другото, ја одразуваат и мултиетничноста и мултикултурализмот на земјата.
  • Честа да го има најстарото знаме на светот, според „Квизклаб“, ѝ припаѓа на Данска. Нивното сегашно знаме првпат било користено 1625 година, но самиот дизајн, се верува, потекнува од раниот 13. век.
  • Истражувањето на канадскиот портал „Провинс“ од 2015 година, по гласање на читателите во 64 држави во цел свет, покажало дека македонското државно знаме е „најубаво национално знаме“ во светот.