Летото заврши а со почетокот на септември започнаа телевизиските шоуа во Македонија.
Оваа есен ќе се дружиме со новите забавни емисии за кои веќе и започнаа снимањата на музичките шоуа „Ѕвездите на Гранд“ и „Никогаш не е доцна“.
Токму во музички натпревари од ваков карактер има и македонски претставници, а некои од нив дури и победија.
И во двете шоуа има жири, во „Ѕвездите на Гранд“ неколку години по ред е истото жири, додека пак во „Никогаш не е доцна“, одредени членови се менуваат.
Оваа година во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, ќе има измени во составот на жирито, а српските медиуми пренесуваат дека Аца Лукас нема повеќе да биде дел од жирито.
Ѓорѓе Николиќ, познат под уметничкото име Ѓорѓе Давид ќе биде нов член на жирито.
Рокерот ќе го замени Аца Лука, па заедно со Ана Бекута, Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ, Драган Стојковиќ Босанац и Вики Миљковиќ ќе ги оценува кандидатите.
Како што пренесува Курир, Саша Поповиќ на овој потег се одлучи затоа што сака на гледачите да им подготви нешто невидено во „Ѕвездите на Гранд“:
„Не е чудно што „Ѕвездите на Гранд“ е едно од најпопуларните музички шоу во регионот, а Саша Поповиќ и неговиот тим секогаш имаат новитети. Откако Аца Лукас си замина од жирито, Поповиќ имаше тешка задача и да му најде достојна замена, а сега верува дека успеа во тоа. Исто така, кога наместо Зорица Брунцлиќ ја ангажираше Јелена Карлеуша, изјави близок пријател на Поповиќ.
„Ѕвездите на Гранд“ ќе имаат нов концепт, но и нов дизајн и нова сценографија која во голема мера е звршена. Друга новина во шоуто е дека учесниците ќе имаат свои ментори, и тоа од членови на жирито.
Водителската двојка ќе ја сочинуваат Воја Недељковиќ и Сања Ќужет.
Во првата емисија на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ во улога на судија се најде македонската пејачка Тијана Дапчевиќ која заедно со своите колеги ќе биде на „тешки“ маки и ќе треба да ги оценува кандидатите.
Инаку, ова не е првпат како Дапчевиќ е во оваа улога, се има појавувано и претходно и често е дел од Гранд продукција.
Пејачката го искористи моментот и се фотографираше со водителките на Гранд, Драгана Катиќ и Весна Милановиќ.
Веруваме дека нашата пејачка одлично се снајде во улога на жири, а наскоро ќе може да го гледаме во првата емисија.