Над 1 милион домови без струја по бурата Еовин во Велика Британија

Силните ветрови оставија повеќе од 1 милион домаќинства без струја на Островот. Властите во Велика Британија ги повикаа луѓето да не ги напуштаат своите домови освен ако не е апсолутно неопходно по разорната бура што го погоди островот.

Бурата веќе однесе една жртва. Во Ирска, маж загина откако дрво падна врз неговиот автомобил.

Многу патишта се блокирани од откорнати дрвја и паднати предмети. Возовите во Шкотска нема да сообраќаат во следните неколку часа. Бурата веќе е опишана како една од најмоќните што се формирала над Ирска. На места брзината на ветрот надмина 180 километри на час.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното