По пожарот предизвикан вчера во Тетово, сопственикот на компанијата ПоФикс, заблагодарувајќи им се на граѓаните и надлежните кои пружиле помош при пожарот, рече дека материјалната штета ја надминува бројката од над 12 милиони евра.
Министерството, општината, македонскиот народ, Албанците од Кавадарци и сите кои ни помогнаа. „Штетите се многу големи над 12 милиони евра, затоа што повторно ни помогна народот и сиот народ како и владата се организираа со хеликоптери и сите други работи“, изјави сопственикот на компанијата за „Клан Македонија“.
Инаку, пожарот во просториите на поранешната фабрика „Македонија табак“ и „Пофикс“ е ставен под контрола, додека противпожарните екипи продолжуваат со активности за целосно гаснење.
Екипата на Армијата за заштита од атомско, хемиско и биолошко оружје констатирала дека во воздухот нема честички отровни гасови, а градоначалникот на Тетово Билал Касами најави дека денеска ќе продолжи процесот на учење.