Над 16.500 земјотреси во Санторини за 16 дена

Во последните 12 часа, во морскиот дел помеѓу грчките острови Санторини и Аморогос не беа регистрирани земјотреси со јачина над четири степени, додека пак од почетокот на серијата потреси на 26 јануари до 11 февруари, биле забележани повеќе од 16.500 земјотреси.

Последниот земјотрес над четири степени беше регистриран вчера попладне, кратко пред 18 часот, кога се случија два последователни потреса во период од две минути, со јачина од 4,4 степени.

Според податоците од Интердисциплинарниот комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет, од почетокот на серијата земјотреси, повеќе од 16.500 потреси биле забележани во овој регион, од кои над 14.400 биле со јачина поголема од 1 степен.

Во вторникот, на 11 февруари, се регистрирале над 1.100 земјотреси, од кои повеќе од 260 биле со јачина над 2,5 степени.

Во тек се морски истражувања помеѓу Санторини и Аморогос, кои се спроведуваат и со океанографски брод. Научниците соопштуваат дека резултатите покажуваат дека вулканот не е засегнат од сеизмичката активност.

Поради земјотресите, на островот Анафи беше прогласена вонредна состојба, а слични мерки веќе се на сила и за Санторини и Аморогос.

Училиштата на Санторини, Иос, Аморогос и Анафи остануваат затворени поради земјотресите, што веќе трае втора недела.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното