Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Над 260 прекршоци во една вечер во Скопје, санкционирани 102 мотоциклисти

Над 260 прекршоци во една вечер во Скопје, санкционирани 102 мотоциклисти

Засилените сообраќајни контроли во Скопје продолжуваат, а при синоќешната акција полицијата санкционирала стотици возачи поради различни прекршоци. Посебен фокус бил ставен на мотоциклите, мопедите, трициклите и четирициклите.

Во периодот од 18:00 до 01:00 часот, екипи на Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици при СВР Скопје спровеле засилена контрола, при што биле санкционирани вкупно 262 возачи.

Од нив, 102 мерки биле изречени на возачи на мотоцикли и мопеди. Најголем дел, односно 93 санкции, се однесувале на управување мотоцикл без заштитна кацига.

Полицијата изрекла и четири мерки за управување со несоодветна категорија, како и пет санкции за управување без положен возачки испит.

Останатите 160 санкции биле за различни сообраќајни прекршоци, меѓу кои неносење возачка или сообраќајна дозвола, неизвадени регистарски таблици, минување на црвено светло и други прекршоци.

Во текот на акцијата привремено бил одземен и еден мотоцикл поради истечена регистрација подолга од шест месеци.

Дополнително, шест лица биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, односно „безобѕирно управување со моторно возило“.

Од СВР Скопје најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни