Над 40 загинати во несреќа во Мексико

Четириесет и едно лице загина во автобуска несреќа во јужниот дел на Мексико вчера во раните утрински часови. Операциите за спасување и пребарување продолжуваат, соопштија властите во државата Табаско, цитирани од Ројтерс.

Автобусот, во кој се наоѓале 48 лица, се судрил со камион, при што загинале 38 патници и двајца возачи, соопштија локалните власти. Загина и возачот на камионот. Возилото по судирот било зафатено од пламен, а останала само јагленисана шасија.

Автобуската компанија Турс Акоста на Фејсбук објави дека „длабоко жали за она што се случи“ и дека работи со властите за да открие што се случило и дали автобусот се движел во рамките на дозволената брзина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното