Над 60% од граѓаните сметаат дека не можат да добијат фер судење!

Анкетата на Детектор покажува дека 62,6% од граѓаните веруваат дека не можат да добијат фер судење, додека 23,5% сметаат дека можат. 73,5% од испитаниците мислат дека правдата во земјата е селективна, а само 19,3% веруваат во неселективна правда.

Довербата во судството е зголемена на 8,4%, но 51,6% не му веруваат. Во Обвинителството, довербата е 5,8%, а 50,5% имаат недоверба. Полицијата има поголема доверба – 19% и 29,8% донекаде ѝ веруваат.

77,2% од граѓаните сметаат дека правосудството е под надворешни влијанија, а 64,4% мислат дека процесите против функционери не биле фер. Дури 57,8% сметаат дека Судскиот совет треба да се распушти, а 54,6% го поддржуваат тоа за Советот на јавни обвинители.

Анкетата е спроведена во декември 2024 година на репрезентативен примерок од 1.066 испитаници.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното