Над 60 загинати во новите протести во Иран

Најмалку 63 лица беа убиени минатата недела во судири за време на  протести во југоисточниот ирански град Захедан.

Ова во вторникот го објави невладината организација за човекови права во Иран (IHR) со седиште во Норвешка, цитирана од АФП.

Судирите избија по петочната молитва минатата недела во Захедан, главниот град на провинцијата Систан-Балучистан,  дом на етничкото малцинство Балучи, кое главно се придржува кон сунитскиот, а не шиитскиот ислам кој преовладува во Иран.

Инцидентот се случи во средината на националните демонстрации што избија по смртта на Махса Амини , откако таа беше уапсена од моралната полиција.

Сепак, групите за човекови права рекоа дека протестот во Захедан бил поттикнат од наводите дека началникот на полицијата во пристанишниот град Чабахар, исто така во Систан-Балучистан, силувал 15-годишно девојче.

Десетици луѓе беа пријавени за мртви во петокот на социјалните мрежи во Захедан, а сликите покажуваат преполни болници и крвави трупови.

Имаше извештаи и за жртви кои умираат во болниците поради недостаток на кревети и завои за да се запре крварењето.

Активистите ги обвинија и безбедносните сили дека пукале врз демонстрантите од хеликоптери. ИЧП соопшти дека четири лица кои возеле автомобил со отворен покрив биле застрелани и убиени од оган од воен хеликоптер во северен Захедан.

Специјализираната невладина организација Baluch Activists Campaign на својот канал Телеграм ги објави имињата на сите 67 убиени, додавајќи дека 300 се повредени.

Сепак, иранските државни медиуми соопштија дека пет членови на Револуционерната гарда биле убиени во, како што го опишаа, „терористички инцидент“.

Началникот на полицијата во Систан-Балучистан на државната телевизија изјави дека три полициски станици биле нападнати во покраината.

Потсетуваме дека Систан-Балучистан, кој граничи со Пакистан, е еден од најсиромашните региони на Иран. Активистите се жалеа во последниве месеци дека осудениците од Балох биле егзекутирани во непропорционален број, бидејќи бесењето се зголемило во Исламската Република.

Во регионот, исто така, има редовни судири меѓу безбедносните сили и бандите за шверц на дрога, како и повремени напади на сунитските муслимански екстремистички групи.

Иранските власти ги прогласија протестите во земјата за планирани и режирани од странство.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното