Земјотресите на островот Санторини достигнаа над 7700 од почетокот на серијата на потреси. Останаа уште само неколку жители на островот за време на вонсезоната. Поради земјотресите, илјадници беа евакуирани, а се стравува дека туристичката сезона ќе биде прогласена за пропадната.
Секој ден има најмалку три лета од Атина до Санторини. Тие продолжуваат да се изведуваат, и покрај тоа што има само неколку луѓе кои сакаат да одат на островот.
Во Санторини е формиран посебен штаб, а пожарникарите цело време партолираат. Дежурни се и лекарите. Од саботата е испатен и специјален тим на Црвен крст, кој вклучува шест лица обучени за потрага и спасување.
