Надлежните институции започнаа проверка на документацијата за дискотеката „Пулс” во Општина Кочани

Претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“ во моментов влегоа во зградата на Општина Кочани.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но од Обвинителството засега нема официјална информација дали нивни обвинители се влезени во општинската зграда.

Во дискотеката „Пулс“ во Кочани рано утринава во неделата во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Меѓу загинатите се и членови на бендот „ДНК“ кој настапувал таа вечер.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното