НАГРАДАТА за млади пијанисти и млади композитори ќе го носи името на момчето Андрија Чикиќ, пијанист кој беше убиен во мај во ОУ „Владислав Рибникар“. Српското Министерство за култура денеска по средбата ја објави веста на својата официјална Фејсбук страница.
Тој беше момче со голем талент
14-годишниот Андрија беше момче со голем талент за музика, а на клавир свиреше од својата шеста година. Само еден месец пред масакрот ја компонира композицијата Емоције со која победи на конкурсот Детски композитори.
Андрија беше добитник на неколку први награди на државни и меѓународни музички натпревари и добитник на специјална награда за изведбата на композицијата Burgmuller Etude D major во 2019 година.
Да потсетиме, Андрија е едно од деветте деца кои Коста Кецмановиќ ги уби во училиштето во Врачар на почетокот на мај.