Пред да го ставите месото во замрзнувач, поделете го на помали порции, односно количината што ви е потребна за еден оброк. Не се препорачува повторно замрзнување на месото што е веќе одмрзнато.
Меленото говедско месо е незаменлив дел од многу јадења – можете да го користите за да направите плескавици, ќофтиња и лебови. Овој вид на месо ќе биде одлична идеја за разни сосови и чорби.
Доколку сакате да уживате во јадење на база на мелено говедско месо, важно е месото да го чувате на соодветен начин. Суровото мелено говедско месо може да издржи само ден или два во фрижидер.
Доколку не планирате да го искористите целото месо во тој краток период, важно е да го замрзнете.
Како да замрзнете мелено месо?
Една од најголемите грешки што можете да ги направите кога замрзнувате мелено говедско месо е да го ставите во замрзнувач кој не работи добро.
За месото добро да замрзне и да спречи ширење на штетни микроорганизми во него, замрзнувачот мора континуирано да работи на -18 Целзиусови степени.
Ако не сте сигурни дали вашиот замрзнувач работи правилно, проверете со термометар.
Пред да го ставите месото во замрзнувач, поделете го на помали порции, односно количината што ви е потребна за еден оброк.
Најлошото нешто што можете да направите е да го одмрзнете месото, да земете мал дел и повторно да го замрзнете остатокот.
Секоја порција мелено месо завиткајте ја во пластична и алуминиумска фолија, а потоа во пластична кеса. Обележете го датумот кога сте го замрзнале месото.
Експертите препорачуваат да не се чува месото во замрзнувач повеќе од три до четири месеци. По ова време, го губи својот квалитет и вкус.
Како да замрзнете варено мелено месо?
Во мразот можете да ставите и термички обработено мелено месо, на пример Болоњезе. Оставете го сосот од варено месо да дојде на собна температура пред да го спакувате во поединечни делови и да го замрзнете.
А дали знаете кој е најдобриот начин да го одмрзнете меленото месо? Замрзнатото парче месо ставете го на чинија или во сад и префрлете го во фрижидер 24 часа и оставете го целосно да се одмрзне пред да го употребите за саканото јадење.
Погрижете се да го ставите месото на чинија или во сад за да спречите течноста од одмрзнатото месо да капе на друга храна во фрижидерот.
Во таа течност може да се најдат штетни работи што може да ја загади храната доколку не е соодветно термички обработена и да го загрози вашето здравје, пишува punkufer.