Најголемите шумски пожари, Итон и Палисадес, кои избувнаа во Јужна Калифорнија сè уште се активни, соопштија денеска официјални лица.
Пожарот Итон кој гори во Алтадена, Калифорнија е локализиран за 45 отсто откако изгоре 7.700 хектари вегетација, според најновите податоци на Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари, објави Си-Ен-Ен.
„Нагорно“ од пожарот во Итон може да наиде на опасни ветрови што би ја подгреале опасноста од пожар, но тоа сè уште не е дефинитивно, соопшти Националната метеоролошка служба.