Breaking Жестока расправија меѓу Филипче и Славески за „Алта банка“ – гувернерот му порача: Разумен човек би го избришал срамниот пост!
Во живо Вонредна прес конференција Зборува губернерот Трајко Славески Гледај
4NEWS.mk

Најмалку 10 загинати во невремето во Јапонија

Најмалку 10 лица погинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите и свлечиштата во источниот дел на Јапонија, настанати заради поројните дождови, соопшти јапонската телевизија НХК.

Британските медиуми јавуваат дека иако невремето се поместува од Јапонија, стотици жители на тој дел од земјата и натаму се наоѓаат во евакуациските центри, а одделни железнички и автобуски линии и натаму се откажани.

Поради излевање на реките од коритата затворени се оделни патишта, а во округот Чиба околу 4.700 домови се останати без вода.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска одржа состанок со работната група за катастрофи, повикувајќи на максимални напори во акциите за спасување и помош.

Официјални претставници навестуваат и можност за појава на нови свлечишта и поплави, особено во областите каде има попуштени насипи по силниот тајфун Хагибис, што пред неколку недели како брз воз мина низ Јапонија.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни