4NEWS.mk

Најмалку 11 мигранти се удавиле во Егејско море, меѓу нив осум се деца

Најмалку 11 лица, меѓу кои осум се деца, се удавиле во близина на турскиот брег откако им потонал чамецот. Жртвите се мигранти, јави агенцијата Анадолија.

Чамецот потонал во Егејско море во близина на Чешме, летувалиште на запад од Турција, спроти грчкиот остров Хиос, додава агенцијата, наведувајќи дека уште осум лица биле смесени од морето.

Засега не се соопшштува идентитетот на загинатите. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни