Најмалку 42 лица загинаа во автобуска несреќа во планинскиот регион на северна Јужна Африка, соопштија денес локалните власти, пренесува Асошиејтед Прес.
Според извештаите, несреќата се случила во недела на автопатот во близина на градот Луис Тричард, околу 400 километри северно од Преторија.
Покраинската влада Лимпопо во соопштението наведува дека се верува дека автобусот превезувал државјани на Зимбабве и Малави кои патувале во нивните земји.
