Најмалку петмина загинати во експлозија на гас во трговски центар во Тајван

Најмалку пет лица загинаа, а седум се повредени во четвртокот во експлозија на гас во трговски центар во централниот тајвански град Таичунг, соопшти пожарникарската служба.

Експлозијата се случила на 12 кат од зградата каде што се одвивале градежните работи, соопштија пожарникарите.

Ресторанот на 12-ти кат во тоа време бил затворен поради изградба, се додава.

Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те преку објава на Фејсбук повика на брза истрага за причините за експлозијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното