Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во Диловаси, град во северозападниот дел на Турција.
Според снимките емитувани од турскиот канал НТВ, во пожарот изгореле два ката од зградата каде се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот, а властите продолжуваат со истрага за утврдување на неговиот потекло.