Ирска е државата со најмоќниот пасош на светот. Ова го покажува рангирањето на „Nomad Capitalist“ за 2025.
Деветтото издание на рангирањето рангира 199 земји и територии и користи 20 извори како што се даночните власти на земјата за даночната под-оценка, Светскиот извештај за среќа и Индексот за човечки развој на Обединетите нации за потоценката за перцепција.
Македонија на оваа листа е на 81-то место со идентичен резултат како Тонго и Гватемала, а според ова рангирање овозможува влез без виза во 132 држави.
Македонија и покрај солидниот визен пристап, е оценета со пониски резултати во категориите за даночна политика, лични слободи и глобална перцепција.
Резултатите се движат од 10 до 50, освен за категоријата виза, што е бројот на земји кои имаат право на пасоши да ги посетат без потреба од виза.
Рангирањето на „Nomad Capitalist“ анализира пет критериуми:
- Патување без визи – 50 отсто
- Даноци – 20 отсто
- Перцепција на светот – 10 отсто
- Можност за двојно државјанство – 10 отсто
- Лична слобода (слобода на медиумите, задолжителен воен рок и сл.) – 10 отсто.
Ирскиот пасош се најде на врвот благодарение на високите оценки за патување без визи, но и поволните даночни услови, широко прифатената глобална перцепција и високо ниво на лична слобода.
Рангирањето користи податоци од Светскиот извештај за среќа, Индексот за човечки развој на ОН, како и јавни извори од национални даночни институции. Рангирањето има цел да обезбеди холистички пристап кон вреднување на пасошите.