Најпознатиот музеј во светот е затворен: „Имаше грабеж“

Музејот Лувр во Париз е затворен по грабеж, потврди министерката за култура на Франција.

Музејот објави детали за затворањето, наведувајќи „исклучителни причини“, во објава на платформата X.

Во посебна објава, министерката за култура Рашида Дати потврди дека се случил грабеж, но дека никој не е повреден, објави Скај њуз.

Таа додаде дека била на местото на настанот со музејски и полициски екипи.