Најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени – минусни температури насекаде низ Македонија

Минусни температури утрово забележани се насекаде низ Македонија.

Најстудено со измерени -10 степени е на Попова Шапка, а по него следува и Маврови Анови со -8 степени.

-6 степени во Крушево, Берово, -4 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Охрид, Тетово, Битола, Претор, -3 во Куманово, Прилеп, -2 во Демир Капија, Кавадарци, Велес, Виница, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Штип, 2 во Гевгелија.

Во 8 часот измерена е снежна прекривка од 9 см во Крушево, 5 во Попова Шапка и 1 во Маврови Анови.

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното