Најстудено утро во Берово: Измерени -4 степени

Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најниската температура е забележана во Берово, каде се измерени –4°C.

Температурите во другите градови утрово изнесуваа 3°C во Скопје – Зајчев Рид и Претор, додека во Крива Паланка, Крушево и Маврови Анови термометрите покажаа –1°C. Во Струмица, Демир Капија и Штип е измерена температура од 0°C, а во Битола, Гевгелија, Велес, Прилеп и Виница 2°C.

Во последните 24 часа, најмногу дожд има паднато во Крива Паланка и Маврови Анови, по 4 литри на метар квадратен.

Денешниот ден ќе донесе променливо облачно време со сончеви интервали. Ветерот ќе биде слаб до умерен, а на западните подрачја повремено засилен од јужен правец. Дневната максимална температура ќе се движи меѓу 8 и 15°C.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 13°C.