Најстудено утрово на Попова Шапка, измерени -5 степени

Минималните утрински температури во земјава денеска се движат од -5 до 4 степени Целзиусови. Најстудено е на Попова Шапка, каде се измерени -5 степени. Температури од -2 степени се регистрирани во Битола, Берово и Маврови Анови, додека -1 степен е измерен во Прилеп, Крушево и Претор. Нулата е измерена во Скопје-Петровец, Охрид, Штип, Велес и Крива Паланка, а еден степен во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Кавадарци. Во Струмица, Демир Капија и Виница се измерени 2 степени, додека најтопло утрово е во Гевгелија со 4 степени.

Во изминатите 24 часа наврнал воден талог од 2 литри на метар квадратен во Виница и на Пожар, додека 1 литар на метар квадратен е измерен во Охрид, Велес и Штип.

Снежната покривка до 7 часот изнесува 36 сантиметри на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната дневна температура ќе се движи од 7 до 13 степени Целзиусови.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а максималната температура ќе достигне до 10 степени.