Утрово најстудено било во Берово каде се измерени -6 степени, додека -4 степени се регистрирани во Крива Паланка. Во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Демир Капија, Маврови Анови и Попова Шапка температурата се спуштила до -3 степени.
Минус два степени се измерени во Тетово, Куманово, Велес и Штип, а -1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Струмица и Крушево. Нула степени се измерени во Виница, додека најтопло утрово било во Гевгелија со 3 степени над нулата.
На Попова Шапка е измерена снежна покривка од 86 сантиметри.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.
Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб променлив ветер, а максималната температура ќе достигне до 14 степени.
