АНА САСО, поранешна мис на Југославија и според многумина најубава жена на поранешната земја, ужива во летото. Таа на Инстаграм објави фотографии во едноделен костим за капење на брод и ги воодушеви своите следбеници.
„Прекрасна жена“, „Безвременска убавина“, „Па дали е можно?“, „Убава си“, „Совршена, едноставна, прекрасна“, „Нека ти завидуваат“, се само дел од комплиментите кои ги доби во коментар под постовите.
Инаку, Сасо и денес многумина го сметаат за најубава Хрватка, а пред 41 година ја освои титулата Мис на Југославија. Во 1982 година, таа се натпреваруваше на изборот за Мис на светот во Лондон. Пред две години таа откри дека се омажила за хирургот Хрвоје Томашовиќ со кој живее во Самобор.
