Најубавото видео кое ќе го видите денес: Малата Гизем по два месеци конечно се „смести“ во прегратките на мајка си!

Бебето кое 128 часа беше под урнатините по разорниот земјотрес во Турција, по 54 дена повторно се спојува со мајка си.

Трииполмесечната Ветин Бегдас, наречена по ново „Гизем“ од здравствените работници, што на турски значи „мистерија“, беше спасена во провинцијата Хатај 128 часа откако два силни земјотреси го погодија јужниот дел на земјата на 6 февруари.

Девојчето потоа било префрлено во болница во главниот град Анкара.

Министерот за семејство и социјални услуги Дерја Јаник и го предаде бебето на мајката Јасемин Бегдас во провинцијата Адана, каде што моментално се наоѓа на лекување.

По 54 дена: Пронајдена мајката на бебето кое беше затрупано под урнатините во Хатај

Бебето и мајката биле споени благодарение на ДНК тестот кој ја докажал врската. Таткото и двајцата браќа на бебето ги загубија животите во земјотресот во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

„Бебето е навистина чудо. Воодушевени сме од фактот што таа преживеа и немаше никакви здравствени проблеми. И таа сега е наше дете“, изјави Јаник.

Погледнете ја емотивната сцена.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното