На шведската планина Кебнекаисе глечерот толку се стопи на летните температури, што веќе не е највисокиот врв во земјата.
Овој врв минатиот месец изгуби четири метри снег.
„Овој глечер е симбол на сите глечери во светот. Целата околина се топи, снегот се топи и влијае на целиот екосистем: растенија, животни, клима“ – вели професор по географија на Универзитетот во Стокхолм.
Кабнекаисе е популарна туристичка дестинација во северниот дел на Шведска и се состои од северен и јужен врв.
Кон почетокот на неделата, јужниот врв се издигаше на 2.097 метри, што значи беше повисок само 20 сантиметри од северниот.
Во Шведска, во јули се регистрирани рекордно високи температури.