Во последно време, јаткастите плодови може да се најдат буквално секаде. Но кога би морале да одберете само еден вид јаткасти плодови што ќе ги консумирате, тоа секако би требало да биде индискиот орев. Зошто? Накратко, индиските ореви нудат многу здравствени придобивки кои не смеете да ги игнорирате. Во продолжение, прочитајте само дел од нив.
Индиските ореви се добри за вашата кожа, коса и коски
Една шака индиски ореви ќе задоволи дури 98% од препорачаната дневна потреба за бакар. Иако можеби ви звучи чудно фактот дека треба да консумирате бакар, тој е многу важен за производство на меланин, кој го произведува пигментот на кожата и косата. Индиските ореви исто така се богати со железо и магнезиум, кои се од клучно значење за одржувањето на здравјето на коските.
Индиските ореви се богати со протеини
Исто како и повеќето јаткасти плодови, индиските ореви се одличен начин за да ја задоволите дневната потреба на вашиот организам за протеини. Една шака индиски орев содржи дури 5 грама протеини, па затоа дури и малите порции се многу корисни и богати со хранливи состојки. Освен тоа, индиските ореви се одлична ужина по физичките активности.
Лесно можете да ги вклучите индиските ореви во вашите оброци
Индиските ореви можат да се користат на многу начини. Можете да ги додадете во овесна каша или смуди за да го збогатите вашиот појадок, можете да ги вклучите во салата за здрав ручек или во пржено јадење за вечера. Опциите се бесконечни.
Индиските ореви се преполни со добри масти
Веројатно веќе сте чуле дека индиските ореви се едни од најмасните јаткасти плодови, но важно е да разберете за какви масти се работи. Дури 82% од овие маснотии се всушност незаситени масни киселини, од кои 66% се монозаситени. Со други зборови, станува збор за многу здрави масти кои го намалуваат ризикот од разни срцеви заболувања.