Авионот Ербас А320-232 со број на лет W67778 од авио-превозникот Wizz Air денеска наместо во Охрид, слета предвреме во Венеција. Само што навлезе на територија на Босна и Херцеговина, авионот како што дознава 4NEWS.mk ја испратил шифрата 7700 која алармира дека нешто се случува на тој лет и најчесто треба итно да слета.
И сервисот кој го следи авио-сообраќајот Flight Radar информираше преку Твитер дека авионот кој треба да слета во Охрид итно се пренасочува кон Венеција поради испратен сигнал за итност.
Wizzair flight #W67778 from Dortmund to Ohrid is diverting to Venice with squawk 7700 (emergency). Reason is currently unknown.
https://t.co/GXKcYN517A pic.twitter.com/KT6bjgCLtU— Flightradar24 (@flightradar24) March 2, 2023
Како изгледаше летот и што се случувало?
Преку видео анимација, 4NEWS.mk го пренесува латот кој тргнал од Дортмунд, Германија, а крајна дестинација била Охрид, Македонија. На видеото се гледа дека авионот без пролем го поминува патот од Германија се до Босна и Херцеговина кога прави нагло вртење на десно и слетува успешно на аеродромот во Венеција.
До моментов не се познати причините поради кои слета авионот. Редакцијата на 4NEWS.mk се обрати и до авио превозникот кој реализира голем број на летови од и до Македонија WizzAir, но до објавивање на овој текст не добивме одговор на нашите прашања.
Не е прв пат истиот авион да слета итно!
Ова не е прв пат авион да биде пренасочен на друга локација. Ова го покажаа проверките кои ги направивме и достапните податоци на интернет за историјата на летови, конкретно за линијата Дортмунд-Скопје. На 26-ти февруари или пред само четири дена пред денешниот инцидент, истиот авион на истата линија наместо во Охрид, слетал во Тирана, Албанија, но тогаш за разлика од сега не испратил порака со шифра 7700 што означува дека нешто се случува со тој лет и итно треба да биде приземјен.
Авион на WizzAir наместо во Охрид итно слета во Венеција патувајќи од Германија