На силна, здрава и брзорастечка коса не само што и требаат производи за надворешен третман, како што се шампони и маски, туку и треба внатрешна нега. За да може косата да биде негувана и здрава, потребни се витамини Б, Д, Е, Ц, како и минерали, железо, омега-3, цинк…
Ви пренесуваме 4 намирници кои треба да ги консумирате за побрз раст на косата:
1. Жолта пиперка – еден од најдобрите извори на витамин Ц – пиперките имаат речиси шест пати повеќе од портокалот. Патем, не случајно ја спомнавме бојата: жолтите пиперки имаат најмногу витамин Ц (341 милиграми, а црвените само 63). Ако сакате вашата коса да расте побрзо и поздраво, јадете ги жолтите пиперки свежи, како закуска или во салата.
2. Јајца – Диетата за раст на косата треба да содржи јајца. Тие содржат биотин, уште една суштинска компонента за брз раст на косата. Особено е корисно да се консумираат жолчки од јајце. Ако сакате силна коса, појадувајте јајца – ќе добиете голем прилив на протеини.
3. Семиња – Најдобрата ужина за раст на косата. Семките од сончоглед се богати со витамин Е – тој е одличен антиоксиданс и затоа позитивно ќе влијае на скалпот и ќе го промовира здравјето на косата.
4. Авокадо – Најдобра храна за густина и раст на косата е авокадото. Ова овошје е вистинската комбинација на неопходни витамини и минерали! Содржи витамин Е и есенцијални масни киселини. Покрај тоа, авокадото го стимулира производството на колаген и еластин, кои ја подобруваат состојбата на скалпот и квалитетот на косата. Само намачкајте со авокадо на тост и уживајте во појадокот!
Покрај овие намирници за раст на косата, се препорачува да се консумираат бадеми, шампони, лосос, грав, сладок компир итн.