Полицијата и службите за итни случаи во Германија започнаа голема операција во центарот на градот Гелзенкирхен откако двајца мажи беа тешко повредени во напад со нож во пешачка зона.
Според прелиминарните информации, инцидентот се случил околу 19:00 часот во среда, на улицата Бохумер, недалеку од главната железничка станица, пишува Билд.
Наводно, имало расправија меѓу најмалку три лица, која набрзо ескалирала во физичка пресметка.
Напад со нож во Германија: Двајца мажи тешко повредени, осомничениот избегал