Најмалку две лица загинаа, а едно е тешко повредено во напад со нож во западниот германски град Лудвигсхафен, изјави портпаролот на покраинската полиција Рајнланд-Пфалц.
Полицијата пукала во напаѓачот и го повредила, па полицајците потоа го уапсиле, пренесува Дојче веле. Мотивите зад нападот се непознати и во моментов е во тек опсежна истрага, изјави портпаролот на полицијата.
“Сторителот е уапсен. На лице место сме. Нема опасност. Ве молиме – избегнувајте ја областа за да не се мешате во истрагата”, соопшти полицијата.
Полицијата ја опколи областа каде се случи бруталниот напад.