Напад врз Јемен, најмалку 38 лица загинаа

Најмалку 38 лица загинаа, а 102 се ранети во американски напад врз пристаништето Рас Иса во Јемен, објавија медиумите под контрола на јеменските бунтовници, движењето Хути.

Телевизијата Ал Масира јави дека нападот на западното пристаниште за гориво Рас Иса се случил вчера.

Централната команда на американската војска соопшти дека целта на нападот била да се прекине снабдувањето со гориво на Хутите, пренесе Ројтерс.

Соединетите држави соопштија дека нема да ги прекинат нападите врз цели во Јемен додека Хутите не престанат да ги напаѓаат бродовите во Црвеното Море и Аденскиот Залив.

Хутите извршија десетици напади со беспилотни летала и ракети врз бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив од ноември 2023 година, тврдејќи дека цели на бродови поврзани со Израел во знак на протест против војната во Појасот Газа.

Хутите ги прекинаа нападите врз бродови за време на двомесечниот прекин на огнот во Појасот Газа, кој започна на 19 јануари.

Од 18 март Израел ги обнови нападите врз Појасот Газа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното