Одделението за внатрешни работи Кратово поднесе кривична пријава против 38-годишниот Р.П. од Василево, кој се товари за напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста.
Инцидентот се случил на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кога полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки се обиделе да сопрат возило „ауди а6“. Наместо да застане на јасно дадениот сигнал, возачот ги игнорирал наредбите и продолжил со движење.
По кратко преследување, возилото било запрено во близина на селото Страцин. Меѓутоа, при обидот за легитимирање и преземање на службените дејствија, Р.П. агресивно и физички нападнал еден од полицајците.
Како последица на физичкото насилство, на полицискиот службеник му била нанесена тешка телесна повреда.
Против сторителот е поведена соодветна постапка пред надлежното обвинителство за две кривични дела: „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад врз службено лице“.