Напаѓачот на српската амбасада во Атина извикувал пароли за Косово

Поранешен член на воената академија на Србија, е напаѓачот на српската амбасада во Атина, јавуваат српските медиуми. Тој бил со психички проблеми, а утринава успеал да ја прескокне оградата на Амбасадата, и со два ножа во рацете да влезе внатре, во миговите кога бил амбасадорот заедно со неговата фамилија.

За среќа, интервенирал домарот и спречил понатамошни последици.

Инаку напаѓачот се заканувал дека ќе се самоубие, а извикувал и пароли за Косово како на пример „Обединување на Србија и Косово“ и „Надвор Турци и Бугари“.

Тој барал да се сретне со амбасадорот Душан Спасојевиќ, како и со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Откако со него бил обавен две и пол часовен разговор, тој се предал на полицијата која го однела во најблиската станица.

Извор: ТВ21