Наполнете гориво: Од полноќ поскапуваат цените на бензинот и дизелот!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88% во однос на одлуката од 20.10.2025 година.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит., додека пак на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Од 28.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 73,5 (денари/литар)
  • ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 75,5 (денари/литар)
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 68 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 36,1 (денари/килограм)